Пакет аранжман: 7 ALL Inclusive + 2 BB, авионски превоз, трансфер, 2 екскурзии и aгенциски претставник 

Термин: 02.12.2021 - 13.12.2021

Куба - Необичен остров каде што комунизмот сеуште живее и каде што Фидел Кастро вовел систем кој тешко се менува и покрај зголемената отвореност кон светот во последно време! Разгледување на старата Хавана, возење со бротче до тврдината и церемонијата на пукање со топови, резиденциите и колонијалните куќи, прошетка низ Хавана и квартовите во кои нема туристички атракции, живеат само Кубанци и во кои владее неверојатна атмосфера... Ќе одиме во мали салса кафулиња, отворени кафичи во кои влегуваат улични музичари и бендови и свират се додека публиката ги бодри со насмевки, аплаузи или пезоси. Куба е една од најомилените дестинации на оние туристи кои преферираат долги песочни плажи и колекционери кои имаат пасија кон олдтајмери. Но Куба е позната и по Че Гевара (Che Guevara), кубанските пури, кубанската музика, мохито ....

Доколку барате идеален период од годината, треба да знаете дека оваа област е подложна на урагани. Периодот на ураганите трае од јуни до крајот на септември (особено во јужниот дел на земјата, а периодот на дождови помеѓу мај и јуни, понекогаш до октомври)

Така, најдобар период од годината за патување во Куба e од ноември до мај. Тропската клима и влажност допринесуваат кон тоа да субјективното чувство за температурата биде повисоко, но тој ефект го ублажува ветрот кој доаѓа од кај морето. 

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

 

1 ДЕН  02.12.2021 -  СКОПЈЕ- ИСТАНБУЛ

 - 18:00 часот - средба со водачот на аеродромот во Скопје под информативната табла за поаѓање на летовите на Tk 1006 во 20:45 часот - заминување за Истанбул. Пристигнување во Истанбул во 00:25 часот. 

2 ДЕН  03.12.2021 - ВАРАДЕРО 

-  Поаѓање за Хавана во 02:05 часот со летот ТК183 на Туркиш ерлајнс. Пристигнување во Хавана во 07:05 часот по локално време. По завршувањето на царинската и пасошката контрола се упатуваме кон организираниот трансфер до хотелот во Варадеро со асистенција на водич на англиски јазик. Се патува 150 км.со попатна пауза. Сместување во Хотел Memories Varadero**** на база се вклучено според правилата на хотелот. Слободно попладне за одмор и уживање во песочните плажи и услугите на хотелот. Ноќевање.

3 ДЕН 04.12.2021 – ВАРАДЕРО (АЛЛ) 

-  Појадок во хотел. Ден предвиден за слободни активности или можност за дополнителна ексурзија*Заливот Матанзас со долината Јумури: 30 минутно крстарење со брод  по реката Canímar – заштитена област каде ќе имате можност да ја видите прекрасната Кубанска вегетација. Турата до заливот Matanzas или Градот на мостовите, озможува да ги посетете најатрактивните знаменитости овде, односно: Фармацевтскиот   музеј, француската аптека од 1882 година, Парк де ла Либертад (плоштад Либерти), Монсеррат Хајтс, како и една од црквите во градот. Прошетка низ долината и пауза за одмор во Rancho Gaviota, каде ќе Ве пречека коктел за добредојде,  можност да посетите селска куќа и фарма и ќе уживате во типичен кубански ручек. Слободно време за јавање коњи и наутички спортски активности во езерото. Турата завршува со посета на Cuevas de Bellamar (пештерата Беламар). Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ДЕН 05.12.2021 - ВАРАДЕРО (АЛЛ) 

- Појадок во хотел. Ден предвиден за слободни активности или можност за дополнителна ексурзија по договор на лице место. Ноќевање.

5 ДЕН 06.12.2021 – ВАРАДЕРО (АЛЛ)

 - Појадок во хотел. Ручек и вечера во хотел. Ден за слободни активности и уживање во песочната плажа. Ноќевање.

6 ДЕН 07.12.2021 – ВАРАДЕРО (АЛЛ) 

- Појадок во хотел. Ден предвиден за слободни активности или можност за дополнителни ексурзии *Crucero Del Sol Excursion(од 09.00-17.00 часот): Исклучителна програма за поморски активности во Варадеро, каде ќе уживате во прекрасен ден на плажа, во комбинација со чудата на подводниот свет, пловејќи по северните заливи, со изворедна флора и фауна. Разладување со кубански пијалоци (вклучени за време на едрењето и на плажа), нуркање со прекрасно морско дно, време за интерактивен контакт со делфините во морето и слободно време за уживање на плажа во Cayo Blanco. Следува учек базиран на морска храна. Ноќевање.

7 ДЕН 08.12.2021 – ВАРАДЕРО (АЛЛ)

 - Појадок во хотел . Ден за слободни активности и уживање на песочната плажа. Ноќевање.

8 ДЕН 09.12.2021 - ВАРАДЕРО (АЛЛ) 

- Појадок во хотел. Ден предвиден за слободни активности или можност за дополнителни ексурзии *Излет Трите града од 06:30 – 20:30 часот (Santa Clara, Trinidad, Cienfuegos): Панорамски разглед на градот Санта Клара (Santa Clara), вклучувајќи го  Мавзолејот на Ернесто Че Гевара (Ernesto Che Guevara) како и националниот споменик Tren Blindado. Продолжуваме кон градот Тринидад кој поради неговиот колонијален стил е прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО. Plaza Mayor, еден од градските музеи, La Canchánchara Bar за дегустација на типичен кубански пијалок, како и други места од туристички интерес кои ќе бидат дел од оваа тура. Време за ручек во ресторан во градот. Веднаш потоа, го продолжуваме нашиот пат кон градот Cienfuegos, најмладиот град на островот, кој го основале француските доселеници од Хаити. Пристигнување назад во хотелот околу 20:00 часот. Ноќевање.

9 ДЕН 10.12.2021 - ВАРАДЕРО - ХАВАНА (панорамски разглед со вклучен ручек)

- Појадок во хотел. Одјавување од хотелот и приватен трансфер кон Хавана. Пристигнуваме во Хавана каде започнува нашата приказна на Куба, со панорамски разглед на градот (со локален водич на англиски јазик) на новиот и стариот дел на Хавана во кој ќе имаме можност да видиме интересни места познати по својата историска вредност + Хемингвеј тура: колонијална Хавана, прогласено место за светско наследство во 1982 година, екстериерите на Националната зграда Капитол и прошетка низ главниот плоштад на Стара Хавана: Plaza de la Cathedral Square,  Arms Square,  Artisans Market.  Ќе имате можност да го посетите видиковецот  Моро - Кабања. Посета на местата кои биле омилени на Хемингвеј, Хотел Ambos Mundos, Bar El Floridita и Bodeguita del Medio, посета на музејот на Ернест Хемингвеј на Finca Vigía. Ручек во локален ресторан. Посета на модерна Хавана вклучувајќи го и плоштадот Револуција и областа Мирамар. Враќање во хотел. Пријавување во хотелите на Куба е од 15.00 часот. Слободно време за прошетки во Хавана  или дополнителна екскурзија  *TROPICANA CABARET (трансфер во 18.30 од хотелот + влезница). Шоуто започнува во 22 часот при што ќе уживате во прекрасниот и мистериозен клуб Тропикана, светски познато кабаре и ноќен клуб во Хавана, некогаш познат како “најатрактивен и извонреден ноќен клуб во светот”. Уживајте во спектаклот и сложената кореографија на повеќе од 200 изведувачи (танчери и пејачи). Искуство кое секогаш ќе остане во Вашите сеќавања. Ноќевање.

10 ДЕН 11.12.2021  - ХАВАНА 

- Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности или дополнителна екскурзија Vinales tour. Тргнување од хотелот околу 09:00 часот на целодневен излет до Viñales, кој се наоѓа во Pinar del Rio Province, на 140км западно од Хавана (местото каде расте и се обработува најдоброто светско тобако). Попатно застануваме во Pinar del Rio каде ќе посетиме фабрика за цигари и бидеме сведоци на мануелниот процес на производство на цигари. Продолжуваме кон Viñales. Овде се наоѓаат најстарите геолошки формации на Куба како и прекрасна долина со пејзаж кој е единствен во светот. Во Viñales ќе ги посетиме истоимената долина Viñales, El Mural de la Prehistoria – праисториски мурал, кој е насликан на камен и ја опишува еволуцијата на човештвото. Следува посета на древната пештера La Cueva del Indio, при што ќе имаме можност за влез во пештерата, каде на крајот се наоѓа субтеренска река. Пловење со брод до другата страна од планината. Ручек и време за релаксација. Враќање во хотелот околу 17:00 часот. Слободна вечер за индивидуални активности. Ноќевање.

11 ДЕН 11.12.2021 – ХАВАНА –ИСТАНБУЛ

-Одјавување од хотел рано изутрина во 05:00 часот. Трансфер од хотел до аеродромот во Хавана. Полетување за Истанбул во 08:35 часот .  

12 ДЕН 13.12.2021 – ИСТАНБУЛ –СКОПЈЕ

-Пристигнување во Истанбул во 08:35 по локално време. Полетување за Скопје во 08:50 часот. Пристигнување во Скопје во 08:15 часот по локално време.

 

ЦЕНИ НА АРАНЖМАНОТ

 

Пакет аранжмани (Варадеро и Хавана ) по лице  :

По лице во двокреветна соба

Еднокреветна  соба

Трет возрасен во 1/2 соба

Дете 2-12 г.  со 2 возрасни

Comfort

РЕДОВНА ЦЕНА :

1.701 €

1.891 €

1.657 €

1.363 €

Цена  со попуст за РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА      до 08.10.2021

1.551 €

1.741 €

1.507 €

1.213 €

 

УСЛУГИ

 

Во програмата е вклучено:

  • Авиобилет  Скопје-Истанбул-Хавана-Истанбул-Скопје со багаж 40кг;
  • Аеродромски такси  
  • 7 Ноќевања  во  Варадеро со услуга Се Вклучено  во Хотел Memories Varadero****  или сличен;
  • 2 Ноќевања  во  Хавана  со појадок во Memories Miramar 5*или сличен ;
  • Трансфер на релација  аеродром – хотел  во Варадеро -хотел во Хавана;
  • Трансфер од  хотел во Хавана– аеродром;
  • Екскурзија- турата на Хемигвеј со вклучен ручек  ;
  • Екскурзија- разглед на Хавана со вклучен ручек ;
  • Вклучен PCR тест;

 

Во програмата не е вклучено:

  • Патничко осигурување ;
  • Индивидуални трошоци;
  • Факултативни екскурзии кој не се наведени во програмата ;

 

Факултативни екскурзии:

  • Tropicana Show - 85 $ - Цена по лице
  • Vinales Tour од Хавана  – 10 часа, 65 $ - 75 $ - Цена по лице
  • Излет до трите града (Santa Clara, Trinidad, Cienfuegos)  – 98 $ - Цена по лице
  • Crucero Del Sol Excursion - 110 $ - Цена по лице
  • Заливот на свињите - 60 $ - Цена по лице
  • Заливот Матанзас  со долината Јумури – 66 $ - Цена по лице

* Факултативните екскурзии се резервираат на лице место 

ХОТЕЛИ

Варадеро

Memories Varadero 4*  - или сличен All Inclusive – Сместен на една од најубавите плажи на Варадеро, Memories Varadero Beach Resort е идеална дестинација за романтичен или возбудлив семеен одмор. Тука може да уживате во разновидност од ALL INCLUSIVE услуги и удобности за незаборавен одмор. 

Хавана

Memories Miramar 4* - или сличен BB – Сместен во луксузната резиденцијална област Мирамар, Memories Miramar Habana нуди поглед на океан и лесен пристап до атракциите кои што мора да се посетат како стариот град Хавана, Националниот аквариум, Делфинариум, Club Habana Beach… 

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ И УСЛОВИ

Потребни документи:

  • Патниците мора да имат валидност на пасош повеке од 6 месеци од терминот на патување 

Услови :

  • При резервација се плаќа депозит од 0 €, 50% од вредноста на аранжманот се уплаќа најдоцна до  15.06.2021 за сите резервации што подлежат на условите за РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА, а целосна уплата се врши до 21 ден пред поаѓање.
  • Понудата важи за минимум 16 пријавени патници.
  • За ова патување не се потребни медицински имунизации.
  • Патничко осигурување
  • Во случај на КОВИД 19  рестрикци,  групата ке биде преместена за друг датум .

Рокови за отказ на аранжманот и пенали:

  • Помеѓу 89-тиот и 46 – тиот  ден пред датумот на поаѓање се задржува 50% од вредноста на аранжманот;
  • Помеѓу 45-тиот и 22-риот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • помалку од 21 ден пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот. 

 

Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари

Напомена:

Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 16 .

 

Забелешки:

  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на редоследот и тајминзите во програмата. Програмата како и редоследот на разгледи и посети се предмет на промени и се во зависност од состојбата на терен и други објективни причини.
  • При лоши временски услови или друга виша сила, организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата. Времето на полетување и слетување се предмет на потврда од авиокомпаниите.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.