Полихроно се наоѓа на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун. Опкружено со бујна медитеранска вегетација, долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца. Уживајте заедно со целото семејство на убавото осветлено шеталиште покрај морето кое има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, пици и друга брза храна. Токму затоа оваа година ве покануваме во Полихроно, да уживате заедно со вашето семејство и деца, покрај кристалното море како и многубројните продавници. Полихроно е доста познато фамилијарно туристичко место. За сите тие кои патуваат со кола, локацијата е идеална за посета на соседните туристички места како што се: Ханиоти, Криопиги, Калитеа, Афитос и мн. Други. Полихроно е дестинацијата за оваа лето, не се двоумете, резервирајте си одмор со време.
Вила Мескини (целосно реновирана) се наоѓа на 70м од плажа и на 100м од центарот на Полихроно.
175 € |
225 € |