Хотел КОНАК 3* (35)

Конак е модерен планински објект базиран на традиционален изглед. Особено задоволство ќе Ви овозможи ентериерот на објектот во комбинација на дрво и камен со камин и отворен поглед на скијачките терени. На платото пред објектот се наоѓа голема тераса која има јужна ориентација и доста погодна за престој во текот на зимската сезона поради големиот број сончеви денови кои се главна одлика на скијачкиот центар Попова Шапка.
На своите гости им нуди : 16 соби, ресторан, ски кафе, конференциска сала, сауна, интернет и тв, ски и сноуборд школа, ратрак и моторни санки.

БОНУС за период на престој од 14.01.2021 :  7=6 (за платени 6 ноќевања се добива 1 ноќ гратис)

Дадените цени се по лице за 1 ноќевање и вклучуваат :

  • Појадок
  • Користење на сауна
  • Интернет
  • Паркинг

Деца до 5.99 год. со 2 возрасни – бесплатно

Деца од 6-11.99 год. со 2 возрасни – 50% попуст

Доплата за туристичка такса – 40 ден по лице на ден (се плаќа во агенција)