Венеција (64)
1.Ден 10.10.2023 (вторник) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата во 14.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Италија во 15.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
2.Ден 11.10.2023 (среда) ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во претпладневни часови во Пунта Сабиони и заминување на разлед и посета на Венеција. Организран трансфер со брод – вапорето и прошетка низ уличките во градот на мостови и канали; Плоштадот и Црквата Св. Марко, Мостот на Воздишките, Дуждевата Палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. По разгледот заминување за Лидо ди Јесоло и сместување во хотел. Ноќевање.
3.Ден 12.10.2023 (четврток) ВЕНЕЦИЈА – МУРАНО - БУРАНО - ТОРЧЕЛО – ВЕНЕЦИЈА
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или можност за факултативно крстарење по островите на Венецијанска лагуна, Мурано, Бурано и Торчело. Започнуваме со посетата на островот Мурано, далеку познат по вековната традиција во изработка на стакло, каде е всушност и фабриката за изработка на стакло, прошетка по островот, кратко слободно време, потоа продолжуваме кон Бурано, островот со најубавите шарени куќички и најдобрите рачни изработки од чипка. И за крај на оваа прекрасна прошетка, посета на Торчело, островот кој бил всушност првиот најстар и најгусто населен остров во овој дел на Италија, престолнина во која има бројни споменици врзани со богатата историја. Враќање во Лидо ди Јесоло. Слободно попладне за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.
4.Ден 13.10.2023 (петок) ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА – ВЕНЕЦИЈА
Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и лулката на ренесансата. Организиран разглед со локален водич: Црквата Санта Кроче, плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, крстилницата Сан Џовани... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Во попладневните часови враќање назад во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.
5.Ден 14.10.2023 (сабота) ВЕНЕЦИJА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување за Верона. Посета и разглед на градот на Ромео и Јулија; Арената, Виа Мацини, плоштадите Бра и Ербе, куќата на Јулија... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Можност за шопинг во некои од најдобрите италијански брендови поставени на улицата Виа Мацини. Во попладневните часови заминување за Македонија. Патувањето се одвива преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
6.Ден 15.10.2023 (недела) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.
ПРОМО ЦЕНА - 169€/10.478ден
***со пријава на пакет екскурзии
Редовна цена - 199€/12.338ден
Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;
- Сместување во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло (или околина) на база 3 ноќевања со појадок;
- Организирана посети на градовите според програмата;
- Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Задолжително патничко и здравствено осигурување;
- Организирана посета на Венеција со брод вапорето - 25€;
- Факултативна екскурзија со брод по островите Мурано, Бурано и Торчело - 35€;
- Факултативна посета на Фиренца со локален водич - 50€;
- Доплата за туристичка такса (2€ по лице од ноќ);
- Влезници по културно – историските знаменитости и индивидуални трошоци.
Напомени:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање.
- За еднокреветна соба доплатата изнесува 60€ на цената на аранжманот.
- Трето возрасно лице на дополнителен кревет добива -10% попуст од цената на аранжманот.
- Доплата за бирање на седиште во автобус 10€ по лице (за минимум 2 лица)
- Доплата за дополнително седиште во автобус 75€/4.650ден
- Дете 2-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет добива -20% попуст од цената на аранжманот
- Минималниот број за реализација на факултативите е 30 патници.
- Организираторот го задржува правото за промена на цената на факултативите во случај на недоволен број на пријавени.
- Пријавувањето за факултативитите е во агенција при резервација, најдоцна до 15 дена пред поаѓање, а плаќањето на лице место во евра.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.
- Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.