ИТАЛИЈА

СИЦИЛИЈА (5)

 БАРИ-МЕСИНА-ТАОРМИНА-ПАЛЕРМО-КОРЛЕОНЕ-СИРАКУЗА-ЕТНА-САВОКА-КАТАНИЈА

 

22.06.23 Поаѓање во 15.ооч. од Прилеп со туристички автобус за Грција. Пристигнување во Игуменица во вечерните часови, а потоа со брод се патува за Бари со ноќно пловење.

23.06.23 Пристигнуваме во Бари во утринските часови. Посета на црквата Св. Никола каде се моштите на светецот, по што се продолжува за Вила Сан Џовани од каде се поаѓа со траект за Месина. Продолжување за монденското туристичко место Таормина. Сместување во Eli Hotel 4*на 15км. од Таормина. Слободно попладне за капење. Вечера. Ноќевање.

24.06.23 Појадок. Слободен ден за уживање и капење. Попладнето, факултативен излет до Таормина едно од најживописните одморалишта на Сицилија. Удавен во зеленило и бои, богат со историја и атракции, стана извор на инспирација за најбрили- јантните уметници: Гете, Вагнер, Дума, Дали итн. Модерниот град е поделен на два дела: историскиот центар и брегот Таормина. Можете да стигнете од еден до друг со жичница. Во стариот центар се зачувани споменици од античка и средновековна архитектура: палати, цркви, летни резиденции на богати граѓани се буквално на секој чекор. Сето ова е опкружено со палми и чемпреси, миризливи цвеќиња и зеленило. Вечера. Ноќевање.

25.06.23 Појадок. Факултативен целодневен излет до Палермо, град познат по мафијата Коза Ностра, но со многу знаменитости како: најпознатата катедрала од 12 век-Монреале, улицата Виторио Емануеле, плоштадот Кватро Канти и Преторија, Кралската палата, театарот Масимо, пазарот Вуцириа… Потоа посета на Корлеоне-родното место на најголемите мафијаши, како што е Вито Корлеоне, а по потекло од Корлеоне е и Ал Пачино-кој го глуми Мајк Корлеоне. Вечерта враќање в хотел. Вечера. Ноќевање.

26.06.23 Појадок. Слободен ден за уживање и капење. Вечера. Ноќевање.

27.06.23 Појадок. Факултативен излет до Сиракуза-Антички град под заштита на УНЕСКО, каде е роден Архимед, а  може да се види: Барокната Катедрала изградена на темели на античкиот храм на божицата Атина, Римскиот театар, Архимедовиот плоштад… Потоа се оди до единствениот жив вулкан во Европа-Etna, со преку 350 згаснати и неколку активни кратери на висина од 3300м. Со автобус се стигнува до висина од1900м. а оттаму со доплата за жичара се оди до кратерите. Посета на Катанија, каде ќе се видат: катедралата св.Агата, фонтаната од слонови, улица Етна…Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

28.06.23 Појадок. Слободен ден за уживање и капење. Вечера.Ноќевање.

29.06.23 Појадок. Слободно време за капење. Факултативен полудневен излет до типичните Сицилијанските села Forca d’Agro и Savoka, во кои е снимен филмот Кум 1. Прошетка низ тесните улички на Форца ди Агро, а потоа посета и на Савока, типично место кое асоцира на мафијата и филмот Кум. Се посетува катедралата  Санта Луција, на чиј влез е снимена познатата сцена од венчавањето од филмот Кум, а потоа одмор со кафе Еспресо во бар Viteli, каде Ал Пачино снима сцени од филмот. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

30.06. Појадок. Поаѓање за Бари па со траект од Месина за Вила Сан Џовани од каде се продолжува за Бари. Вечерта поаѓање со брод за Игуменица.

01.07.23. Пристигнување во Игуменица во раните утрински часови. Се продолжува за Македонија и пристигнување во Прилеп во пладневните часови


Цени за резервации и уплати од 30% до 01.04.

Стандард соби во Ретро зграда без поглед на море 1 и 2 спрат – 690еур

Стандард соби во Споредна зграда на приземје без балкон – 690еур

Стандард соби во Споредна зграда со поглед према море –740 еур.

Супериор соби во Главна зграда со поглед према море –790 еур.  

 

*Бројот на сите типови соби е ограничен.

 


Во цената е пресметано:

  • превоз со туристички автобус на дадената релација
  • превоз со брод на DECK :Игуменица -Бари – Игуменица +бродска такса
  • превоз со траект на релација В.С.Ѓовани-Месина-В.С.Ѓовани
  • сместување во Eli Hotel 4* на база 7 полупансиони+ вклучени лежалки и чадор
  • организација и придружник на патувањето

Во цената не е пресметано:

  •  здравствено  патничко осигурување- 150 ден (задолжително)
  •  факултативен излет до Палермо и Корлеоне-30€
  •  разгледување и посети на Катанија и Сиракуза-20еур
  •  факултативен излет до  Forca d’Agro и Savoka-10€
  •  факултативен излет до Таормина -10€
  •  доплата за кабина Игуменица-Бари-Игуменица: 30 еур по лице во 1/4 кабина, 40еур во 1/3 и 55еур во 1/2 кабина во 1 правец (резервација и плаќање во агенција во зависност од достапноста)
  • влезници за локалитетите