• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ИСТАНБУЛ 4 ноќи

План и програма

 

Термин: 29.12.-03.01.2022 

 

1 ДЕН  29.12.2021  СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ::Состанок на групата спроти хотелот VIP во 16.00 ч. Поаѓање за Истанбул во 16:30. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ДЕН  30.12.2021 ИСТАНБУЛ: Пристигнување во Истанбул во утринските часови.  Панорамско разгледување на градот со автобус и локален водич: Капали чаршија,Бејазит-најстариот универзитет, Лалели,  Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотел (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), Таксим, Операта, стадионот на ФК Бешикташ, Долма Бахче Сарајот. Кратка пауза на плоштадот Таксим и потоа се сместуваме во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ДЕН 31.12.2021  ВИЗАНТИСКИ и СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ: Појадок. По појадокот Ве водиме во најголемата султанска палата Долма Бахче Сарајот, која ќе ве воодушеви со својата елеганција, отменост, богатство. Седиште на последните Султани и на Кемал Ататурк, а потоа заминуваме кон Цариградска патријаршија позната и како Вселенска патријаршија, една од четиринаесетте автокефални православни цркви, со седиште во ИстанбулТурција. На нејзино чело стои Вселенски Патријарх, кој има статус на "прв меѓу еднаквите" од останатите православни епископи во светот. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности и прошетки Вечерта можност за факултативно дочек на Новата година на брод. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ДЕН 01.01.2022  ИСТАНБУЛ: Појадок. Слободно претпладне. Околу 11 часот факултативен излет кој ве води во славното и бурно минато на Византиските Императори и Османлиското царство: Прво ќе ја разгледаме познатата Аја Софија, ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот, Византискиот Хиподром, палатата на Ибраим Паша, Амамот на Хурем Султан. Ќе влеземе во најпознатата палата во светот- Топ Капи  која ќе не фасцинира со своето богатсво и големина и секако ќе влеземе во забранатата зона со векови – Султанскиот Харем – со локален водич, можност за факултативно крстарење или Istanbul night tour Ве водиме и во Капали чаршија на шопинг. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ДЕН  02.01.2022 ИСТАНБУЛ: Појадок. По појадокот ве водиме на целодневен, релаксиран и прекерасен излет , крстарење со брод низ Мраморното море кон Принцеските острови и посета на Големо острово Попладнето враќање кон хотелот. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

6 ДЕН 03.01.2021 ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ: Појадок. По појадокот слободно време за прошетка и шопинг низ Капали Чаршија, по што следува упатување кон  некој од шопинг центрите во Истанбул. По шопингот тргнуваме за Македонија. Се патува преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.

6 ДЕН 04.01.2021 СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

Цена : 105 € / 6.510.00 ден.

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Четири ноќевања со појадок во хотел 3* 
  • Автобуски превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Посета на трговскиот центар Форум или 212, Аја Софија, Хиподром, Сината Џамија, Капали Чаршија
  • Туристички пратител на програмата
  • Организација и реализација на програмата

Попусти за деца:

  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години 30% попуст

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Задолжително патничко и здравствено осигурување - 250 денари
  • Доплата за сингл соба е 40 евра дополнително од аранжманот
  • Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  •  За реализација на аранжманот потребни се  30 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.

         Факултативни излети и посети

Пакет 1 : 25 еур

Панорамски разглед на градот                                                                                     10 €

Таксим                                                                                                                               5 €

Чамлиџа                                                                                                                          10 €

Посета на Sapphire Seyir Terasi  со 4D кино проекција                                               20 €

Пакет 2 : 25 еур

Патријаршија                                                                                                                    5 €

Крстарење по Босфор                                                                                                    20 €

Отомански и Византиски Истанбул                                                                               10 €

Пакет 3: 50 еур  

Топ Капи (без Харем)                                                                                                      20 €

Харемот во Топ Капи палатата                                                                                      10 €

Посета на Долма Бахче Сарај со водич и влезница                                                     25 €

        Останати факултативи

Дочек на Новата година со Свечена вечера на брод со Турска програма                   55 €

Miniaturk                                                                                                                             10 €

Yerebatan sarnici                                                                                                                10 €

Трговски центар  Watergarden + Istanbul night tour                                                         15 €

Аквариум                                                                                                                            15 €

Принцески острови                                                                                                            15 € 

НАПОМЕНА:

Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да важи минимум 6 месеци од денот на враќање, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.

Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари


Covid 19 – Услови

За влез во Р.Турција, патниците треба да поседуваат еден од следниве потврди:

- Да се потполно вакцинирани со пропишан број на дози вакцини против корона вирус пред влез во Турција, која е издадена од овластена здравствена установа;

- Негативен резултат од PCR тест на корона вирус (SARS-CoV-2), кој е издаден од регистрирана лабораторија и да не е постар од 72 часа;

- Позитивен резултат од PCR тест ( прележан ) на корона вирус (SARS-CoV-2), кој е издаден од регистрирана лабораторија постар од 14 дена, а не е постар од 180 дена од денот на издавањето;

- Негативен резултат на брз антигенски тест на корона вирус (SARS-CoV-2), кој е издаден од регистрирана лабораторија и не е постар од 48 часа.

Covid 19 – Услови

За влез во Македонија назад, патниците треба да поседуваат еден од следниве потврди:

-  Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест COVID-19 со поминати 14 дена од втората доза;
- Сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
- Медицинска потврда со негативен резултат од RТ PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез во Македонија или
- Негативен резултат од брз тест за антиген, направен 48 часа пред влез во Македонија.
За лица до 18 години, не се задолжителни гореспоменатите документи.