АВТОБУСКИ АРАНЖМАНИ
ВЕРОНА-ТРСТ-ВЕНЕЦИЈА-СИРМИОНЕ-БУСОЛЕНГО I 2НП-14900ден. (5)
Венеција град чудо, град од соништата кој плени со своите разнобојни палати, канали, тесни улички, безброј мовчиња, мали плоштади…Венецијански карневал и гондолата се симболи на Венеција. Верона асоцијација на љубовта по Шекспировата Ромео и Јулија.
29.12.24.Поаѓање во 16.00ч. од Прилеп преку Србија,Хрватска,Словенија со попатни одмори.
30.12.2024 Пристигнување во Трст во утринските часови.Разглед на знаменитостите на градот: плоштадот Унита,операта “Џузепе Верди“, градското собрание,фонтаната “Нептун”… Се продолжува за Верона,сместување во околината ,во хотел BW-Turismo.Ноќевање.
31.12.2024 Појадок. Целодневен факултативен излет до Алпското езеро Лаго ди Гарда во подножјето на Алпите, кое изобилува со бајковити села и гратчиња,а меѓу нив посета на шармантното гратче Сирмионе со замокот Скалиѓеро опкружен со вода,што ова место го прави атрактивно за милиони туристи. Потоа се оди и за Бусоленго –најголемото Божиќно село,прекрасно гратче на брегот на езерото Лаго ди Гарда...Враќање во Верона – градот на Ромео и Јулија, каде ќе се посетат: големата арена, куќата на Јулија, плоштадите Бра, Ербе и Дел Сињори,цркв.Санта Мариа Антика…Уживање во новогодишната и божиќна атмосфера,дочек на Новата 2025г. на плоштадите Бра, Ербе и Дел Сињори...По полноќ , враќање в хотел. Ноќевање.
01.01.2025 Појадок. Поаѓање за Лидо ди Јесоло, каде факултативно, со брод од Punto Sabione се плови до Венеција.Разгледување на градот со локален водич со слушалки: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждовата палата, мостот на воздишките, мостот Риалто, каналот Гранде…Враќање со брод во Лидо ди Јесоло. Поаѓање за Македонија преку Словенија, Хрватска и Србија, ноќно возење со попатни паузи.
02.01.2024 Пристигнување во Прилеп во предпладневните часови.
ЦЕНА: 14900 ден. За резервации до 06.11.2024 Редовна цена = 16900 ден.
Во цената се пресметани следните услуги:
- автобуски превоз на дадената релација,
- 2ноќевања со појадок во хотел кај Верона.
- посета и разглед на Трст
- лиценциран придружник на екскурзијата
Во цената не се пресметани следните услуги:
- задолжително патничко здравствено осигурување без франшиза до 65г.=300,до 70г.=500д.
- превоз со брод до Венеција и назад и разглед со локален водич со слушалки=25еур
- целодневен излет до Сирмионе,Бусоленго,дочек на Н.Г.-2025 г.на плоштад во Верона-30еур
- туристичка такса се плаќа на рецепција 2 еур по лице по ден=4 еур
- доплата за еднокреветна соба – 80 еур.
- влезници за културно историските споменици
Напомена: Рок на пријавување до 20.12.2024 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.