• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ДУБРОВНИК – БУДВА – КОТОР (5)

ПРОГРАМА:


31.12.22 Поаѓање од пред агенција во 01.00ч.со туристички автобус,преку Албанија за Будва.

Пристигнување во Црна Гора во утринските часови,се поминува покрај Улцињ, Бар, Суто Море, Бечиќи, Св.Стефан со панорамски поглед на овие прекрасни туристички места,  а потоа пристигнување во Будва и прошетка во стариот дел на градот, каде можат да се видат: црквите Св. Иван, Св. Марија, зидините на Стариот град, пристаништето со јахти … Сместување во студиа и апартмани. Слободно попладне за индивидуални прошетки во Будва. Вечерта дочек на Новата 2023г. на плоштад во Будва ќе забавуваат: Џибони , Констракта и др., или во Котор каде на Новогодишната ноќ ќе забавува ЕХ ЈУ естрадната музичка звезда Здравко Чолиќ. Ноќевање.

 

01.01.23 год.Факултативно целодневен излет до Дубровник, преку Тиват со траект. Пристигнување во Дубровник и разгледување на стариот дел на градот: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, Палатата Спонза, цр. Св. Влах, Катедрала…. Враќање во Будва. Вечерта на плоштадот во Будва на втората вечер ќе забавува водечката естрадна музичка звезда Дино Мерлин. Ноќевање.

 

02.01.23год. Слободно предпладне за индивидуални прошетки во Будва. Попладнето поаѓање за Македонија со попатна посета на трговскиот шопинг центар ТЕГ во Тирана. Пристигнување во Прилеп во доцните вечерни – ноќни часови.

 

Цена: 4900 денари во студија и апартмани, За резервации и уплати до 25.11.2022 год.= 4400 ден.

 

 Во цената е вклучено:

– автобуски превоз на дадената релација

– 2 ноќевања во студија и апартмани во Будва (вила Шишевич,Краљ,Бонита,Ангела и др.)

– организација и придружник на патувањето

 

 Во цената не е вклучено:

– патничко здравствено осигурување – без франшиза – 150 ден

– целодневен излет до Дубровник – 15 €

– полудневен излет до Котор – 10 €

– влезници за културно историските споменици

Напомена: Рок на пријавување до 20.12.2022 година.