• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

БЕЛГРАД (5)

БЕЛГРАД - НОВИ САД - СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ


31.12.2021 Поаѓање за Белград од пред агенција во 01.00 ч. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни одмори. Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледување на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот на Револуцијата,Калемегдан: Воениот музеј, Споменикот на победникот… Сместување во хотел. Слободно попладне по Кнез Михајлова… Дочек на Новата 2022г. на плоштад со богата музичка програма или во ресторан на Скадарлија. Ноќевање.

01.01.2022г. Појадок. Факултативен целодневен излет до Нови Сад – разгледување со  локален водич: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание, Петроварадинската тврдина … Потоа се продолжува до градот Сремски Карловци кој освен со својата архитектура познат е и по Фрушкогорското вино познато низ целиот свет Бермут – ароматично вино со 17 % алкохол, кое може да се вкуси во некоја од винариите во Карловци. Притоа ќе се посетат: црквата св. Никола, Патријаршијата, фонтаната “Четири лава”…. Враќање во Белград. Факултативна вечера со музика во ресторан на Скадарлија. Ноќевање.

02.01.2022 Појадок. После појадокот посета на трговскиот шопинг центар Ушче, Слободно време во центарот на Белград. Можност за факултативно крстарење со сплав по Сава и Дунав. Попладнето поаѓање за Македонија и пристигнување во Прилеп во ноќните часови.


      ЦЕНА: 5600 денари


Во цената се вклучени следните услуги

– автобуски превоз на дадената релација

– сместување во хотел со 3* – 2 ноќевања со појадок

– разгледување на Белград со локален водич

– организација и водство на аранжманот


Во цената не се вклучени следните услуги

– здравствено патничко осигурување – 150 денари до 65 година , 300 денари од 65-70 година

– целодневен излет до Нови Сад и Сремски Карловци – 10 €

– крстарење по Сава и Дунав – 10 €

– влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици.


Напомена: Рок на пријавување до 20.12.21 година.


ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО СРБИЈА  / МАКЕДОНИЈА

Негативен Брз антиген тест, потврда / сертификат за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината), Сертификат за прележан Covid-19 ( 45 дена за во Македонија) , за деца до 18 г се ослободени од овие мерки .

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.