ДУБРОВНИК-БУДВА-КОТОР I 2НП-5600ден. (5)

30.12.2024 Поаѓање пред агенција во 23.00 ч. со автобус преку Албанија,ноќно возење со попатни паузи.
 

 

31.12.2024 Пристигнување во Црна Гора во утринските часови. Попатно се поминува покрај брегот на Јадранското море: Улцињ, Бар, Суто Море, Бечичи, Св.Стефан со панорамски поглед на овие прекрасни туристички места, а потоа пристигнување во Будва. Прошетка во стариот дел на градот, каде можат да се видат: црквите Св. Иван, Св. Марија, зидините на Стариот град, пристаништето со јахти… Сместување во соби со засебно твц, студиа и апартмани. Слободно попладне за индивидуални прошетки во Будва . Вечерта дочек на Новата 2024г. на плоштад во Будва каде е најавено да настапи .Ноќевање.

 

01.01.25 Факултативно целодневен излет до Дубровник, преку Котор или Тиват со траект. Пристигнување во Дубровник и разгледување на стариот дел на градот: Плаца-Страдун, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, Палатата Спонза, цр. Св. Влах, Катедралата…. Враќање во Будва.Ноќевање.

 

02.01.25 год. Слободно предпладне за индивидуални прошетки во Будва.Факултативен излет до прекрасниот град под УНЕСКО – КОТОР:прошетка во стариот град каде ќе се видат: Средновековната тврдина-Сан Џовани,, во која ќе се види Саат кулата, Катедралата св. Трифун,Поморскиот музеј и на крај кафе пауза во еден од многуте кафе барови во Стариот град во Котор.Потоа посета на ТИВАТ– монденското пристаниште Порто Монтенегро, спој на природна убавина и човечки ресурси.Попладнето поаѓање за Македонија , пристигнување во Прилеп во доцните вечерни (ноќни) часови.                                                 

 

Цена: 5600 ден. за резервации до 15.11.2024. Редовна цена 6900 ден.      

 

 Во цената е вклучено:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • 2 ноќевања во соби, студија и апартмани во Будва
  • организација и придружник на патувањето

 Во цената не е вклучено:

  • патничко здравствено осигурување – без франшиза – 300 ден. до 65г., 400д.-до 70г.над 70 г – 500д
  • туристичка такса 1 еур по лице, по ноќ.
  • факултативен целодневен излет до Дубровник – 25 €
  • Факултативен полудневен излет до Котор и Тиват – 10 €
  • доплата за еднокреветна соба – 50 €
  • влезници за културно историските споменици

Напомена: Рок на пријавување до 24.12.2024 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.